Денот на дрвото – засади ја својата иднина
Урбана Заедница Расадник заедно со Активистите на Волонтерски Центар Скопје, како и жители од населбата ја спроведоа успешно акцијата Засади ја својата иднина. Беа засадени стотина дрвца, со што практично и да не остана незазеленета површина во населбата.
Голема благодарност до Волонтерите од Волонтерски Центар Скопје за својот доследен ангажман и огромна поддршка, на дел од вработените во Општина Кисела Вода кои живеат на територијата на нашата Урбана Заедница, како и на нашите сограѓани.